• населба Даме Груев

Вечерва ќе нема вода во скопската населба „Даме Груев“

Без вода вечерва од 21:30 часот ќе бидат корисниците од населбата „Даме Груев” во Општина Ѓорче Петров во Скопје, велат надлежните. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, причината за прекинот е уличен дефект на водоводна мрежа Ф 100мм. на улицата „Моцартова” 70. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот.