Умерен земјотрес регистриран во Никарагва

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала регистриран е во близина на брегот на Никарагва. Епицентарот на земјотресот бил на 56 километри југозападно од Манагва. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Исто така не е издадено предупредување за појава на цунами.