• крушево

Крушево без вода поради проблеми со пумпната станица во село Норово

Од 9 часот утрово во Крушево нема вода, поради проблеми со пумпната станица во село Норово, информираа од ЈП „Комуна“ Крушево. Екипа на ЈП „Комуна“ Крушево е на терен и ги испитува проблемите по што ќе следат детални информации и преземање на чекори за состојбата со пумпната станица.