• корисниците

Без вода утре корисниците на булевар „АСНОМ”

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците на бул. „АСНОМ”, Општина Аеродром. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на затворач од ф – 80 мм на бул. „АСНОМ” бр.142. Од таму информираат дека корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.