Нова урбана опрема во паркот во Ѓорче Петров

Екипи на Град Скопје деновиве поставија нова релаксирачка клупа во П-форма во паркот во Ѓорче Петров, веднаш до детското игралиште. Новите клупи се со челична конструкција изработени од дрвена опшивка-тика. Ваква клупа е поставена во Градскиот парк, а во наредниот период исти вакви клупи ќе се постават во повеќе паркови низ Скопје.