Две зрновчанки се тепале во казино во кочанското село

Две жени, соселанки, се степале вчера во казино во кочанското село Зрновци, соопшти полицијата. „Вчера Г.Т. (39) пријавила дека во казино во село Зрновци, кочанско, била физички нападната од Т.Ј. од истото село“, се вели во кусото полициско соопштение. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.