Издавачката куќа „Или-или“ објави превод на избрани дела од римскиот историограф Публиј Корнелиј Такит
Нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа „Или-или“ е книгата „Избрани дела“ од Публиј Корнелиј Такит. Книгата ги содржи делата „Агрикола“, „Германија“ и „Дијалогот на говорниците“, во превод од латински на македонски јазик на Весна Димовска-Јањатова и Војислав Саракински. Излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура. „Агрикола“ или …