Нов заразен со коронавирусот во Италија, вкупно четврти во земјата

Италијански државјанин е позитивен на медицински анализи за новиот коронавирус. Мажот на возраст од 38 години бил примен во болница во северниот град Кодено. Тој поминува дополнителни лекарски тестови, јавија локалните медиуми. Тоа ќе биде четврти случај потврден во Италија, откако двајца кинески туристи и друг Италијанец беа позитивни на анализи за вирусот.