• мвр

Приведен 36-годишен кавадарчанец по распишана централна потерница

Ноќеска во 01.10 часот во Кавадарци, бил приведен триесет и шестгодишни Д.А. од Кавадарци. Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.