СЗО: Заразните болести може да предизвикаат повеќе смртни случаи отколку тековните непријателства во Газа

Фото: ЕПА, Хаитам Имад

Континуираното избувнување на заразни болести во Појасот Газа на крајот може да предизвика повеќе смртни случаи меѓу Палестанците отколку тековните израелски непријателства, предупреди високиот претставник на Светската здравствена организација Ричард Бренан.

Досега, здравствената агенција на ОН потврдила 200.000 случаи на дијареа, што бележи зголемување за повеќе од 20 отсто во споредба со минатата година.

СЗО, исто така, потврдува појава на хепатитис-А со околу 8.000 случаи и уште 200.000 респираторни инфекции.

Бренан тврди дека за ваквата ситуацијата причина се лошите санитарни услови, недостигот на пристап до чиста вода и пренаселеноста на населбите каде жителите на Газа се преселиле за да избегаат од конфликт.

Војната на Израел во Газа протера околу 80% од населението од 2,3 милиони од своите домови.

Повеќето ги послушаа израелските наредби да избегаат на југ, а околу 1,5 милиони се собраа во Рафа во близина на границата со Египет.

Министерството за здравство на Газа проценува дека се убиени повеќе од 29.000 Палестинци.

Во моментов само 13 од 36 болници во Газа делумно функционираат, велат од СЗО.

ВИДЕО | Андоновиќ: Нов обид за примирје во Газа? Хамас не се откажува од своите барања, Израел не отстапува од своите планови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот