„Тато, те молам, не излегувај“: Беше убиен додека Израел ослободуваше заложници

Abed-Alrahman al-Najjar was killed on 12 February By Fergal Keane BBC News, Jerusalem

Кога израелските специјални сили спасија двајца од заложниците киднапирани од Хамас, имаше олеснување за нивните семејства и поттик за националниот морал.

Но, спасувањето на 12 февруари остави гневни чувства во Газа, каде што беа пријавени како убиени повеќе од 70 лица таа ноќ.

Навара ал-Наџар спиеше во шаторот кој беше дом на нејзиното семејство во Рафа во последните пет недели, на само неколку стотини метри од местото на акцијата за спасување.

Во продолжение ви ја пренесуваме сторијата која ја објави „Би Би Си“.

Навара која е во шестиот месец од бременоста таа вечер лежеше на земја, заедно со нејзините шест деца – на возраст од 13 до четири години – и нејзиниот сопруг Абед-Алрахман.

Тие побегнаа од нивниот дом во Кан Јунис, на околу 9 километри северно, следејќи ги инструкциите на израелските одбранбени сили кои рекоа дека Рафах е безбедна област.

Пред да заспијат, парот разговарал што да прави со двете нивни деца кои биле повредени. Нивниот син бил со рани од изгореници, а нивната ќерка закрепнувала од парализа на лицето, предизвикана од повреда здобиена во раните фази на војната.

Пред да станат бегалци, Абед-Алрахман работел се што можел да најде начин да го издржува своето семејство, често како работник на фарми.

Тие беа силен пар кој секогаш се трудеше заеднички да ги решаваат проблемите.

„Мојот сопруг беше вознемирен, размислувајќи како ќе најде начин да ги носи на третман и каде да ги однесе“, вели Навара.

„Нашите соседи рекоа дека сакаат да ја однесат ќерка ми на лекар… Така, решивме тој да биде задолжен за нашиот син, а јас за мојата ќерка“.

Тогаш се случи нешто необично. Навара обично спиела опкружена со децата. Но, таа ноќ, Абед-Алрахман побара да ја смени одлуката.

„Пред да заспие, ме замоли да дојдам да спијам до него.

Малку пред 02:00 часот, Навара се разбудила од звукот на пукањето.

Абед-Алрахман рече дека ќе излезе и ќе види што се случува.

Таа раскажува дека нивниот најстар син го молел: „Тато, те молам не излегувај надвор“.

„Алрахман се обидувше да го увери дека ништо нема да се случи, син ми му велеше да не излегува, дека умре.

Потоа почувствувала силна болка во главата. Шрапнел од експлозија го пробил шаторот во кој престојувале.

Навара почнала да вреска. Отпрвин таа не можела да види ништо. По неколку минути, нејзиниот вид се вратил но тогаш го видела Абед-Алрахман во неговата смртна мака.

Таа се сеќава на неговите последни здивови.

„Кога моите деца првпат го видоа, врескаа: „О, татко, о татко, не оставај не, не оставај не. “

Ќерката Малак, на возраст од 13 години, беше погодена во окото од дел од шрапнел.

Уште четири деца се здобиле со полесни рани. Тие ја издржаа и траумата од она што го слушнаа и видоа – експлозиите и нивниот татко однесен во болница.

Подоцна истата ноќ, во болница полна со други жртви, на Навара и беше потврдено дека Абед-Алрахман е мртов.

Плачејќи, таа прашува: „Што беше неговиот грев? Кој беше гревот на неговите деца? Кој е мојот грев? Станав вдовица на 27 години.

Malak al-Najjar, aged 13, lost an eye on the same night of the Israeli military raid
Malak al-Najjar, aged 13, lost an eye on the same night of the Israeli military raid

Малак вели дека била однесена во три различни болници за да се обиде да добие третман, но го изгубила окото.

„Не ме лекуваа веднаш. По три дена ми беше извршена операција. Имав повреда на окото и прострелна рана во половината.

Според Министерството за здравство, управувано под раководство на владата на Хамас во Газа, најмалку 74 лица биле убиени за време на рацијата во раните утрински часови на 12 февруари.

Не може точно да се каже колку од загинатите се цивили, а колку борци. Но, очевидци и медицински извори сугерираат дека голем дел од загинатите биле цивили.

Независниот палестински центар за човекови права, со седиште во Газа, користејќи податоци добиени од болничките списоци, вели дека меѓу убиените има 27 деца и 22 жени.

Извор: Fergal Keane BBC News, Jerusalem

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот