ВИДЕО | Андоновиќ: Нов обид за примирје во Газа? Хамас не се откажува од своите барања, Израел не отстапува од своите планови

Членот на израелскиот воен кабинет, Бени Ганц, изјави дека се во тек нови обиди за постигнување договор за прекин на огнот во војната во Газа.

Ганц, кој е поранешен министер за одбрана и началник на Генералштабот на израелската армија, сепак, рече дека Израел е подготвен за офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Газа за време на претстојниот муслимански свет месец Рамазан, и покрај широкото меѓународно противење на овој чекор на Израел.

Израел бара ослободување на повеќе од 100 заложници кои Хамас ги држеше во Газа од 7 октомври.

За возврат, Хамас бара прекин на војната, повлекување на израелските војници и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори.

Досега, неколкунеделните напори на САД, Египет и Катар да постигнат договор за примирје не вродија со плод.

Сепак според Ганц постојат „почетни знаци“ кои „навестуваат можност за приближување на ставовите со Хамас за решавање на повеќемесечната заложничка драма.

„Нема да престанеме да бараме начин и нема да ја пропуштиме можноста да ги донесеме нашите девојчиња и момчиња дома“, рече Ганц.

Тој ја повтори најавата за евакуација на стотици илјади палестински цивили од градот Рафах пред офанзивата што ќе се случи за време на Рамазан почнувајќи околу 10 март, доколку Хамас дотогаш не ги ослободи еврејските заложници.

„Повторувам дека доколку нема индикации за ослободување (на заложниците), ќе дејствуваме за време на Рамазан“, најави Ганц.

САД, заедно со другите земји, апелираа до Израел да не го напаѓа Рафах доколку нема план за заштита на цивилите.

Од друга страна најавата на Израел за напад врз бегалскиот камп Рафах, токму за време на светиот муслимански празник Рамазан, ја отвора опасноста за зголемување на тензиите и со останатите арапски држави соседи на Израел.

Египет, но и неколку држави и од соседството веќе најавија дека нема мирно да гледаат како Израел убива цивилно палестинско население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот