Фото: Pexels

СЗО предупредува: Осаменоста предизвикува мозочен и срцев удар, дијабетес, депресија…

Секое шесто лице во светот страда од осаменост, која, заедно со социјалната изолација, може да доведе до развој на бројни физички болести, што на крајот резултира со 871.000 смртни случаи низ целиот свет годишно, соопшти комисија на Светската здравствена организација (СЗО).

Осаменоста го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар, дијабетес, депресија, анксиозност и, во краен случај, самоубиство, соопшти СЗО.

Забележано е дека осамените тинејџери имаат 22 отсто поголема веројатност да постигнат пониски оценки во училиштето во споредба со своите врсници кои не се осамени. Истовреме, осамените возрасни потешко пронаоѓаат работа или ја задржуваат.

Влијанието на осаменоста не е само индивидуално, туку и општествено – изразено низ милијарди трошоци за функционирање на здравствените системи и губење на работните места.

Копретседателот на комисијата на СЗО, Вивек Мурти, ја дефинира осаменоста како „болно, субјективно чувство што многумина од нас го доживуваат кога односите што ни се потребни не одговараат на оние што ги имаме“. Наспроти тоа, социјалната изолација, пак, претставува објективна состојба на намален број контакти, односи или интеракции.

Според извештајот, се проценува дека секоја трета постара личност и секој четврти адолесцент живее во социјално изолација.

Причините за тоа се бројни болести, полошо образование, ниски приходи, недостаток на можности за социјална интеракција, живот во самотија и прекумерно потпирање на дигиталните технологии.

Мерти истакнал дека луѓето илјадници години навикнале да комуницираат не само со зборови, туку и преку изрази на лицето, говор на телото, тон на гласот или дури со тишина – форми на комуникацијата што се губат кога луѓето се потпираат исклучица на мобилните телефони и социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот