СЗО/ фото: МИА

СЗО контра ЕУ: Не воведувајте обврска за доказ за вакцинирање или имунитет при патување

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денес ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидиер Хосин, во време кога бројот на зпочинати од Ковид-19 се приближува на два милиони.

Експертите дадоа голем број препораки кои генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги прифати и им ги испрати на членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата.

„Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапни “, препорача комитетот на СЗО.

„Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето”, се додава во извештајот.

Комитетот ги повика државите да следат ја појавата на нови варијанти на коронавирусот, како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови. СЗО исто така повикува на испраќање технологии до посиромашните земји за да се забрза глобалното производство на вакцини.

ЕК е за воведување европска потврда за вакцинација

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, за време на посетата на Португалија, која го презеде претседателството со ЕУ, ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска нагласи дека бара кампањи за вакцинација за Ковид-19 да се одвиваат во сите држави во светот во следните 100 дена.

– Сакам да видам спроведување вакцинација во секоја држава во следните 100 дена, така што здравствените работници и оние со висок ризик први ќе бидат заштитени, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!