Фото: Промо

Светската денс икона TIËSTO со голема поддршка за нашиот диџеј Галоски! (ВИДЕО)

Несомнено е дека Македонија има диџеј и продуцент од светски размер кој веќе е докажан како еден од најдобрите диџеи од овој дел од Европа- Александар Галоски.

Доказ за тоа е меѓудругото напорната работа, многу нови изданија и постојаната поддршка од неговите колеги во светот, како David Guetta,Tiesto, Martin Garrix, Afrojack, Don Diablo, Oliver Heldens.

На нашиот Галоски овој пат поддршката му стигна од Холандија, и тоа ни помалку ни повеќе, туку од еден од најголемите и најбарани диџеи на сите времиња, нарекуван уште и “The Godfather of EDM” – TIËSTO!


Галоски викендов ја објави преработката за ‘Lose You’,  тема која беше дел од “The London Sessions” албумот кој Tiësto го објави во мај годинава, а премиерно и со бројни комплименти од страна на големиот светски диџеј беше емитувана во неговата радио емисија “Tiësto – Club’s Life”, која се емитува на сите реномирани радио станици ширум светот.

Велат дека доколку го работиш она што го сакаш со многу љубов и трпение, целта секогаш ги оправдува средствата. Па така периодот на пандемија за нашиот најпознат македонски диџеј и продуцент беше и тоа како продуктивен и со многу нови музички изданија.

Па така, последното издание на Галоски насловено како ‘Want You Back’ буквално руши рекорди по светските денс топ листи, а синглот се вброи и во официјалната глобална денс топ листа, како и во најдобрите топ денс музички изданија на Европа Плус најголема радио станица во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот