Суперлига, плеј-оф: Еурофарм Пелистер во вториот дел го скрши отпорот на Охрид

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска во третото коло од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига составот на Еурофарм Пелистер славеше против Охрид со 31:27.

По првото полувреме ниту една од екипите од немаше предност (17:17), а во вториот дел актуелниот шампион беше подобар со 14:10.

Во победничките редови осум пати во листата на стрелците се запиша репрезентативниот бек Филип Кузмановски.

На спротивната страна седум погодоци беа дело на левото крило Гоце Ојлески.

На табелата Еурофарм Пелистер е на второто место со 11 бодови, еден помалку од водечкиот Алкалоид. Охрид е третопласиран со осум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот