Горан Весиќ Фото? принтскрин Н1

Весиќ оди во тримесечен куќен притвор со електронски надзор

Вишиот суд во Нови Сад го отфрли предлогот на обвинителството за одредување притвор за 13 осомничени во случајот со уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено. Исто така, на Горан Весиќ му беше одреден куќен притвор, а таа мерка за 12 лица беше продолжена за три месеци.

Судот му одреди на Весиќ куќен притвор со електронски надзор, со забрана за користење телефон и интернет и примање други лица во станот во траење од три месеци, објави судот, пренесува Н1.

Исто така, судот го продолжи времетраењето на мерката забрана за напуштање на станот со примена на електронски надзор, со забрана за користење телефон и интернет и примање други лица во станот во траење од три месеци. Таа се однесува на останатите осомничени во предметот – Анита Димоски, Јелена Танасковиќ, Небојша Шурлан, Слободан Наумовиќ, Љиљана Милиќ Марковиќ, Марина Гавриловиќ, Дејан Тодоровиќ, Милан Јелкиќ, Зорица Славковиќ Марјановиќ, Душан Јанковиќ, Милан Спремиќ и Јасна Стојиљковиќ Милиќ.

Пред два дена, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, вклучувајќи го и Весиќ, и му предложи на судот да им одреди притвор на сите нив.

Обвинението ги товари за кривични дела што овозможиле користење на јавен објект – станичната зграда на Железничката станица Нови Сад, крило Б, иако биле во тек градежни работи и за кои на објектот не му била издадена дозвола за употреба. Потоа, за кривично дело поврзано со претходното неодржување на структурата на станичната зграда, за кривични дела при проектирање и изведување на работи за време на реновирањето на станичната зграда на Железничката станица Нови Сад.

Истрага е покрената и против Весиќ, поранешниот министер Томислав Момировиќ и неколку други лица под сомнение дека го оштетиле српскиот буџет за повеќе од 115 милиони американски долари со извршување на коруптивни кривични дела за време на проектот „Модернизација и реконструкција на унгарско-српската железничка линија на трасата Нови Сад – Суботица – државна граница (Келебија)“.

На Весиќ му е одреден домашен притвор и во тој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот