Фото: EPA/WILL OLIVER

Судот отфрли половина од обвиненијата против Вин Дизел за сексуален напад, судењето продолжува

Холивудскиот актер Вин Дизел извојува правна победа во случајот за сексуален напад што го покрена неговата поранешна асистентка Аста Џонасон против него. Судија на Вишиот суд во Лос Анџелес донесе привремена пресуда со која ги отфрла половина од обвинувањата во тужбата, пренесува „Пипл“.

Аста Џонасон поднесе тужба во декември 2023 година, тврдејќи дека познатиот актер сексуално ја нападнал во 2010 година во хотелска соба во Атланта, додека работела за неговата продуцентска компанија „One Race Films“ за време на снимањето на филмот „Fast Five“. Таа рече дека Дизел наводно насилно ја влечел на кревет, ги допирал нејзините гради и нозе и мастурбирал, и дека ја отпуштил следниот ден.

Судијата ги отфрли првите четири точки од обвинението за кршење на законот за вработување и домување во Калифорнија: дискриминација, непријателска работна средина, одмазда и неуспех во спречувањето на вознемирување и дискриминација.

„Тврдењата на тужителот се законски застарени бидејќи таа не поднела извештај до државен орган во законскиот рок, што е услов за поднесување тужба“, наведува судијката во одлуката.

„Денес, судот го одобри нашето барање во целост и отфрли половина од оваа неоснована тужба. Сега ќе презентираме неоспорни докази дека преостанатите измислени обвинувања никогаш не се случиле“, изјави адвокатот на Дизел, Брајан Фридман, за „Пипл“. Тој претходно изјави дека Дизел категорично ги негира обвинувањата, нарекувајќи ги неосновани и тврдејќи дека вмешаното лице е некој што работел за компанијата на актерот помалку од две недели, пред повеќе од 15 години.

Од друга страна, адвокатот на Астра Џонасон, Метју Т. Хејл, изјави: „Ја почитуваме одлуката на судот, иако не се согласуваме со неа. Таа се однесува само на техничко правно прашање и нема никаква врска со фактите што остануваат предмет на понатамошна постапка.“

Иако судот отфрли половина од тужбата, шест точки од обвинението остануваат активни.

Меѓу нив се две одделни тужби за одмазда врз основа на законите за работни односи во Калифорнија, тврдење за незаконско отпуштање од работа спротивно на јавниот ред и најсериозното обвинение, сексуален напад. Исто така, постојат тврдења за небрежен надзор и вработување, како и намерно предизвикување емоционална болка. Случајот, и покрај делумното отфрлање, продолжува, при што двете страни најавуваат понатамошни битки на суд.

Поранешна асистентка го обвини Вин Дизел за сексуален напад

Се огласи адвокатот на Вин Дизел по обвинувањата за сексуален напад: Поранешната асистентка била вработена кај него само девет дена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот