фото: Фејсбук/ Рамиз Мерко

Судот одлучи дека Мерко не направил злоупотреба при набавка на „аудито“ од 66.000 евра

Рамиз Мерко, градоначалник на Струга доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „ауди“ во вредност од 67.000 евра, поради недостиг на докази дека сторил кривично дело.

Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба. Неговиот адвокат, Игор Петковски, изјави дека пресудата покажува оти не било сторено никакво кршење на законот при набавката на службените возила, чија вкупна вредност изнесува 114.000 евра.

Обвинение против Рамиз Мерко за набавка на службеното ауди

Мерко се товареше за злоупотреба на службената положба, поради набавка на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои луксузен автомобил „ауди А6“, со што го оштетил буџетот на Општината спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот