Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Судењето на принцот Хари за хакирање на телефонот е одложено за 2026 година

Судењето за тужбата поднесена од принцот Хари и други познати Британци против весникот „Дејли мејл“ поради хакирање телефони ќе се одржи на почетокот на 2026 година, соопшти Вишиот суд во Лондон.

Хари е еден од седумте тужители кои ги тужат „Associated Newspapers“ поради хакирање на телефонот и други сериозни нарушувања на приватноста кои датираат од пред 30 години.

Вкупните правни трошоци на двете страни во овој процес ќе надминат 47,8 милиони долари, објави „Ројтерс“.

„Асошиејтед“ негираше вмешаност во незаконски практики. Нивните адвокати во поднесоците за прелиминарното рочиште во вторникот рекоа дека наводите на тужителите биле „цврсто отфрлени“.

Адвокатите кои ги застапуваат тужителите, меѓу кои се и пејачот Елтон Џон и актерите Елизабет Харли и Сејди Фрост, очекуваат да потрошат околу 22,5 милиони долари за судењето, додека „Асошиејтед“ би можел да поднесе трошоци од речиси 25 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот