Судење за убиството на словачкиот новинар Куцијак: Еден од обвинетите признал вина

Според словачкиот државен обвинител, Маријан К. наредил убиство на Куцијак поради неговите написи во кои пишувал за неговите сомнителни активности, за што наредил еден од обвинетите да го киднапира и убие новинарот.

Еден од четворицата обвинети за убиството на словачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, призна за убиството пред судот.

Обвинетиот Мирослав Марчек призна дека учествувал во убиството, додека другите двајца обвинети, меѓу кои и бизнисменот Маријан Коснер, кој е обвинет дека е нарачател на убиството, негирале дека се виновни.

На денешното судење, четвртообвинитеиот не се изјаснил.

Според словачкиот државен обвинител, Маријан К. наредил убиство на Куцијак поради неговите написи во кои пишувал за неговите сомнителни активности, за што наредил еден од обвинетите да го киднапира и убие новинарот.

Маријан дал информации за движењето на Куцијак и негови фотографии, по што бил контактиран трет обвинет за да го организира убиството, а на него му биле ветени 70.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот