ФОТО: Пекселс/Максим Ромаскин

Студија што трае 85 години откри: Луѓето трчаат по пари, но среќа носи само ова…

Луѓето цел живот трчаат по пари и слава, но вистинската среќа ја носат единствено добрите односи со блиските луѓе, покажало најдолготрајното истражување за човековата благосостојба кое некогаш било направено во светот.

Истражувањето трае од 1938 до денес, опишано е во книгата „Добар живот“ на двајца професори од Харвард.

Професорите Роберт Валдиџер и Марк Шулс од американскиот Универзитет Харвард во книгата „Добар живот“ ги претставиле резултатите од истражувањето кои на почеток опфаќале 724 учесници и до денес се проширило на повеќе од 1.300 нивни потомци во три генерации.

Книгата на околу 350 страници низ десет поглавја говори за тоа што го прави животот добар, зошто односите се важни, за социјалните вештини и за опкружувањето со пријателите, семејството и колегите на работа.

268 студенти и 468 момчиња од сиромашни семејства

На почетната група од 268 студенти со висок статус во општеството од најстариот Универзитет во Америка и еден од највлијателните во светот – Харвард, истражувачите им додале 456 момчиња од сиромашниот дел од Бостон, двојно дискриминирани и со понизок статус, за да се обидат да ги споредат нивните животи и да успеат да дознаат што ќе ги одведе на вистинскиот пат.

Книгата на благосостојбата учесникот го гледа од многу различни агли, од снимање на мозокот и крвни анализи до видеоснимки на кои говорат за своите најголеми грижи.

„Им поставивме илјада прашања и направивме стотици мерења, на секои две години им испраќаме долги прашалници и документација со многу страници“, истакнале авторите.

Истражувањето може да се сведе на заклучок дека квалитетните односи ги прават луѓето поздрави и посреќни и дека социјалните врски се навистина добри за луѓето, а дека осаменоста ги убива. Меѓутоа, горчливата вистина е тоа што луѓето тешко сфаќаат што е добро за нив и често мислат дека тоа нешто е како цел после која престануваат сите проблеми.

Среќа или благосостојба

„Ние сме само луѓе, сакаме брзо решение“, велат авторите.

Тие додаваат дека среќата е чувство дека нашиот живот вреди и дека има смисла и сугерира на подобар израз за неговата благосостојба.

Тоа не е одлука која ја носиме само еднаш во животот, туку тоа е прашање на избор кое се повторува од секунда во секунда, од недела во недела, од година во година и секако за себе треба да ја барате среќата.

„Во тоа може да им помогне учењето на децата на социјални вештини, особено денес кога владее технологијата и околностите како пандемија“, заклучуваат научниците и напоменуваат дека секој од нас во секој момент од животот може да тргне во потрагата по среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот