Фото: Wallpaperflare

Студија откри зошто тинејџерите почнуваат да пушат

Тинејџерите кои подлегнуваат на притисокот од врсниците и почнуваат да пушат веројатно го прават тоа затоа што имаат помалку сива мозочна маса која влијае на донесувањето одлуки и почитувањето на правилата.

Младите луѓе кои развиваат навика за пушење имаат тенденција да доживеат намалување на сивата мозочна маса што го контролира управувањето со задоволството до крајот на тинејџерските години.

Барем тоа е произлегува од студијата за влијанието на пушењето врз адолесцентите и младите во Велика Британија, Франција, Германија и Ирска, спроведена од универзитетите Кембриџ, Фудан и Ворвик, а резултатите беа објавени во вторникот во списанието „Нејчр комуникејшнс“ (Nature Communications).

Откако ги споредиле резултатите од снимањето на мозокот на учесниците кои почнале да пушат на 14-годишна возраст со оние кои не пушеле, и ја повториле постапката за истите учесници на возраст од 19 и 23 години, тие откриле дека „во просек, тинејџерите кои почнале да пушат од 14-годишна возраст имаат значително помалку сива материја во делот на левиот фронтален лобус кој е поврзан со донесувањето одлуки и кршењето на правила“.

Сивата материја, ткивото што ги обработува информациите и ги содржи сите неврони на органот, го достигнува својот врв пред адолесценцијата, иако целокупниот развој на мозокот продолжува до зрелоста.

Тимот научници, исто така, откри дека луѓето кои почнале да пушат на 14-годишна возраст имале „губење на сивата материја во десниот префронтален кортекс“, кој исто така е дел од мозокот поврзан со тешко пиење и употреба на марихуана.

„Помалку сива материја во овој дел од мозокот може да ја ограничи когнитивната функција, што доведува до помала самоконтрола и склоност кон ризични однесувања, како што е пушењето“, рекла Барбара Сахакијан од Одделот за психијатрија на Универзитетот Кембриџ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот