Фото: Профимедиа

Студија: Ако го правите ова само 5 минути на ден, ќе го намалите ризикот од деменција за 41 отсто

Деменцијата станува сè повеќе глобален здравствен проблем, а бројот на заболени постојано се зголемува. Според студијата од 2024 година, 120 милиони луѓе во моментов страдаат од когнитивен пад и Алцхајмерова болест, а оваа бројка се очекува да достигне 150 милиони до 2030 година и 190 милиони до 2050 година.

За среќа, истражувањата покажуваат дека одредени животни навики можат да го намалат ризикот од развој на деменција, а една од клучните мерки е физичката активност.

Новото истражување на Блумберг Школата за јавно здравје при Џон Хопкинс покажало дека само 35 минути неделно физичка активност, односно пет минути дневно, може да го намали ризикот од деменција во просек за 41 осто. Ова е точно без оглед на возраста или нивото на силата, па дури и постарите и послабите луѓе можат да имаат корист од лесните активности како шетање, пешачење или пливање.

Студијата покажала дека ризикот дополнително се намалува со зголемувањето на времето за вежбање. Учесниците кои вежбале од 35 до 69,9 минути неделно (пет до 10 минути дневно) имале намалување на ризикот од 60 отсто, додека оние кои вежбале 70 до 140 минути неделно (10-20 минути дневно) имале намалување на ризикот од 63 отсто.

„Нашите откритија сугерираат дека зголемувањето на физичката активност, дури и само пет минути на ден, може да го намали ризикот од деменција кај постарите возрасни лица“, рекол еден од авторите на студијата, истражувач и научник д-р Амал Ванигатунга за „Парада“.

Ова истражување дополнително потврдува дека секоја физичка активност, без разлика колку е мала, е подобра од никаква, особено кога се работи за болест за која во моментот не постои лек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот