T -72, тенк во редовите на српската армија Foto:Nova.rs

Студентите организираат митинг на денот на воената парада во Белград

Српските студенти објавија на својот официјален Инстаграм профил дека во сабота, 20 септември, денот на воената парада во Белград, ќе организираат митинг во поддршка на оние „кои се на првите линии на одбраната на нашата земја“, објави Н1.

Студентите рекоа дека наскоро ќе објават повеќе информации, но дека во сабота, на 20 септември, ќе им дадат поддршка на војниците што учествуваат на воената парада во Белград.

„И покрај обидите за ослабување и деградирање на Српската армија, таа продолжува да преживува преку својата бројност и преку верата на луѓето што ја сочинуваат. Нашата задача е да покажеме дека стоиме со нив, мирно и достоинствено, верувајќи дека вистинската сила лежи во народот и војската што им припаѓа“, рекоа студентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот