Страста број еден на Кирјос не е тенисот, тој ќе стане газда на кошаркарски клуб

EPA-EFE/JASON SZENES

Тенисерот има голема љубов кон кошарката, па најверојатно ќе стане дел од сопственичката структура на клубот Југоисточен Мелбурн Феникс, заедно со НБА-ѕвездата Џон Вол и уште неколкумина

Тенисерот Ник Кирјос е во завршни разговори да стане косопственик на кошаркарски тим во неговата родна Австралија, здружувајќи се со сегашни и поранешни НБА ѕвезди како дел од конзорциум.

Австралиската ѕвезда е голем љубител на кошарката и редовно посетува натпревари кога му дозволува тенискиот распоред. Наводно, минатогодишниот финалист на Вимблдон е во преговори за преземање на НБЛ тимот Југоисточен Мелбурн Феникс.

НБА-ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Џон Вол, исто така е дел од конзорциумот предводен од американскиот претприемач Роми Чаудари. Кирјос ќе се приклучи на сопственичката група предводена од Чаудари, која ги вклучува Вол, Зак Рендолф, Ал Харингтон, Џош Чајлдрес и Данте Ексум.

Кирјос е голем навивач на Бостон селтикс и кога неговиот НБА-миленик е поразен и тој губи тениски мечеви поради нервоза.

– Ако некој игра со мене и знае дека Селтикс изгубиле, тоа е негова шанса. Тоа е сигурно најдобра шанса да ме победите, да играте со мене тој ден – ја опишува Кирјос својата навивачка страст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот