Столтенберг вели дека земјите-членки на НАТО се посветени да обезбедат победа на Украина

Јанс Столтенберг - генералниот секретар на НАТО / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека земјите-членки на Алијансата се посветени да направат повеќе за да и обезбедат победа на Украина.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека Северноатлантската алијанса „значително го променила“ својот став за обезбедување на безбедносно понапредно оружје за Киев.

Столтенберг по повод одбележувањето две години од почетокот на рускиот напад врз Украина оцени дека солидарноста со Киев не е само коректна, туку и во безбедносните интереси на Алијансата.

Тоа е инвестиција во нашата сопствена безбедност и нашата поддршка прави разлика на бојното поле секој ден, истакна Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот