Столтенберг: Ако се потцени Русија, големи последици за безбедноста во нордискиот регион

Архива СП

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Стокхолм и Хелсинки го почитуваат трилатералниот меморандум што го потпишаа со Анкара и дека денес, во се поопасниот свет, „уште поважно е Шведска и Финска да станат членки на НАТО”.

Тој повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион”, објавено е на веб-страницата на НАТО.

Столтенберг изрази уверување дека „наскоро ќе може да им приреди топло добредојде на Шведска и Финска” во Алијансата.

На маргините на безбедносната конференција што се одржува во Шведска, Столтенберг се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон, шведските министри за надворешни работи и одбрана, како и со лидерката на опозицијата Магдалена Андерсон.

Столтенберг потсети дека досега 28 од 30-те земји на НАТО алијансата го ратификувале влезот на Шведска и Финска во НАТО, а тоа се уште не го сториле само Унгарија и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот