Стоилковска елиминирана во сингл на фјучерот во Бакау

Фото: mtftennis.m

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот во сингл на фјучрсот во романскиот град Бакау.

Стоилковска денеска загуби од романската тенисерка Симона Огеску (20 год., 958 ВТА) со 2-0 во сетови (63 63). Мечот вчера беше прекинат поради дожд при резултат 3:3 во гемови во вториот сет. Денеска се доиграа три гема. За настапот во второто коло македонската тенисерка ќе освои еден поен.

Денеска Стоилковска ја очекува уште најмалку еден меч и во конкуренција на двојки. Таа заедно со Романката Диана Марија Михаил треба да играат меч од првото коло, кој во неколку наврати беше одложуван поради временскиот услови. Противнички ќе им идат украинските тенисерки Алина Циурпалевич и Анастасија Запарниук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот