Сточарите незадоволни од откупната цена на јагнето

Фото Архива на СП

Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија.

Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди”.

– Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за извоз се поголеми, полека се појавува недостиг на јагнешко месо. Во споредба со лани, побарувачката е поголема за извоз, ама за домашниот пазар тешко оди. Нашата фирма извезува во Хрватска и во Италија. Откупната цена во моментов е околу 180 денари за килограм жива мера. На сточарите секогаш им е малку, на откупувачите, многу. Како што се работите, најверојатно ќе се појави недостиг од јагнешко, најмногу поради цената. Моментално, продажната цена е 380 денари. Тешко некако е и со продажбата и со побарувачката за домашен пазар. За понатаму, ништо не се знае, пазарот ја одредува цената. Извоз има, има и за домашен пазар, ама потрошувачката не е како порано, објаснува Павлески.

Ѕвонко Мицески е сточар од Штавица, Прилепско. Чува преку 300 овци, и од дете е со стадата. Мицески не е задоволен со отгкупната цена, сѐ уште чека подобра. Бара државата ветените 400 денари за заклано јагне побрзо да ги ислплаќа, а вели, потребни се и други субвенции. Мицески знае дека е намален сточниот фонд.

– Не сум задоволен, цената е 170 денари, храната за јагнињата е 25 денари од килограм. Ни ветија по 400 денари од заклано јагне, ама кога ќе ги дадат парите?! Многу ни е битно што побрзо да ни ги дадат. Но, и други субвенции ни требаат, трошоците се големи. Јагнињата уште не ми се продадени. Чекам прифатлива цена. Ќе почекам уште неколку дена и ќе мора да ги дадам. Храната за нив е многу скапа. Јас чувам овци уште од дете, ама полека се намалува бројот, вели Мицески.

Граѓаните се скептични и не знаат колку јагнешкото ќе го има на велигденската трпеза. Сметаат дека цените се високи, а до Велигден може да бидат уште поголема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот