Сто дена од претседателските избори во САД: Бајден е фаворит, а овие пет фактори го потврдуваат тоа

epa08564541 A handout video grabbed still photo dated 23 July 2020 and made available 24 July 2020 made available by Joe Biden's campaign office showing US Democratic presidential candidate Joe Biden arriving to a socially distanced discussion with former US president Barack Obama on the 2020 election at an undisclosed location. EPA-EFE/JOE BIDEN CAMPAIGN TEAM HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Остануваат само 100 дена до претседателските избори во САД, а пред да влезат во последната фаза од изборната кампања, истражувањата покажуваат дека Џо Бајден, поранешниот потпретседател, во времето на Барак Обама, е фаворит во однос на сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

„Си-Ен-Ен“ пишува за пет клучни фактори кои би можеле да бидат пресудни на скалата на американските гласачи.

Првиот фактор е специфичниот контекст во кој се одржуваат изборите. Анкетите на јавното мислење покажаа дека 29 отсто од испитаниците го посочиле коронавирусот како клучен фактор, додека 15 отсто ја издвоиле економијата.

Секогаш кога неекономско прашање било во центарот на интересот, кандидатот кој е посветен на тоа прашање победувал на изборите, препознавајќи ја неговата важност.

Значи, едно од клучните прашања што гласачите ќе си го постават себе си е: кој би можел подобро да се справи со коронавирусот? Трамп не се покажа во најдобро светло.

Друг фактор е нето-проценката на „одобрување“ за она што претседателот го прави во моментот. Трамп има поддршка од 40 проценти и дури 55 проценти незадоволни од неговото владеење, што дава нето резултат од -15 поени.

Од 1940 година, претседател на САД не добил втор мандат со негативен број на „поени за поддршка“. Најблизу бил Труман во 1948 година, а неговата оценка била за 10 поени подобра од онаа на Трамп.

Третиот фактор е поддршката за Бајден, која скокна и која со сегашното ниво, ќе му донесе победа на сите избори од споменатата 1940 година.

На Бајден во корист му иде и тоа што во клучни земјни ја има истата предност како и на национално ниво. Покрај тоа, во негова корист оди и ситуацијата во Изборниот колеџ. За победник на американските избори не одлучуваат само со народните гласови (гласовите на граѓаните), туку т.н. Електронски колегиум/ Изборен модел. За да победи на изборите, еден кандидат мора да освои мнозинство избирачки гласови, што во пракса значи 270 електронски гласови, бидејќи вкупниот број е 538. Анкетите покажуваат дека Бајден денес би освоил 400 гласови.

На крајот, Бајден е во многу подобра позиција од Хилари Клинтон во 2016 година.

-Подобро да биде Бајден отколку Трамп, зарем не, заклучува Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот