Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Стинг ги откажа сите претстојни концерти поради здравствени проблеми: „Искрено му е жал“
Стинг одложи два свои концерти и го откажа претстојниот настап на наградите на списанието „Бас“ (Bass) поради нарушено здравје, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Познатиот 73-годишен музичар пејач на доделувањето на наградите требаше да добие награда за животно дело, но на крајот нема да учествува во неа.
Поранешниот фронтмен на „Полис“ ги откажа и концертите во САД, во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои се одложени до крајот на месецот додека не закрепне. Не е прецизирано за каков здравствен проблем се работи.
Портпаролот на Стинг во објава на социјалните мрежи потврди дека обожавателите можат да ги задржат своите оригинални билети, кои ќе важат за новите датуми на концертот.
„По совет на лекар, поради болест, со искрено жалење Стинг мора да го откаже своето појавување на наградите на списанието „Бас“ (Bass) овој четврток и да ги одложи концертите во Феникс (првично закажани за 24 јануари) за 1 јуни и Wheatland (првично закажано за 26 јануари) за 28 мај, како и неговото појавување на 20-годишнината од Cherrytree Music Company, која сега се одржува на 29 мај. Старите билети ќе важат за новите датуми. Стинг искрено се извинува за непријатностите и изразува благодарност до фановите за разбирањето“, изјави портпаролот на пејачот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5