Стејт департментот ги осуди изборите во Белорусија

Фото: EPA-EFE/BELARUSIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE /

Стејт департментот, исто така, тврди дека белоруските власти ја спречиле ОБСЕ да ги набљудува изборите, што, како што велат, дополнително ја ограничило транспарентноста неопходна за слободни и фер избори.

Американскиот Стејт департмент тврди дека денешните парламентарни и локални избори што одржале во Белорусија се „лажни избори“, бидејќи, како што се наведува во соопштението, тие се одржале во атмосфера на страв и во услови на непочитување на демократските процедури.

Во соопштението се наведува „дека режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко продолжува да приведува повеќе од 1.400 политички затвореници“, како и „дека сите независни политички фигури се или притворени или протерани од Белорусија“.

Стејт департментот, исто така, укажува дека на сите независни белоруски политички партии им е одбиена регистрацијата на изборите.

Исто така, се посочува дека Белорусите кои живеат во странство би можеле да гласаат на овие избори само доколку се вратат во Минск, каде, според Стејт департментот, „веројатно ќе се соочат со притисоци од режимот“.

Стејт департментот, исто така, тврди дека белоруските власти ја спречиле ОБСЕ да ги набљудува изборите, што, како што велат, дополнително ја ограничило транспарентноста неопходна за слободни и фер избори.

Во Белорусија денеска се одржаа парламентарни и локални избори на кои граѓаните избраа 110 пратеници во Националното собрание и 12.514 советници за петгодишен мандат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот