Фото: Pexels/cottonbro studio

Статистиката не греши: Мажите кои изневеруваат имаат една карактеристика на која жените едноставно не можат да одолеат

Ако вашиот партнер е повисок од 178 см и изгледа навистина убаво во кошула со спуштени ракави, можеби мислите дека е речиси совршен. Но, едно истражување може да фрли малку сомнеж во таа слика.

Според податоците од страницата за запознавање „Illicit Encounters“, мажите кои се повисоки од 178 см имаат двојно поголема веројатност да ја изневерат својата партнерка во споредба со пониските мажи.

Звучи како бизарен критериум, но истражување од 2014 година покажува дека висината навистина може да биде „фактор на ризик“ кога станува збор за лојалност.

Иако самиот извор е дискутабилен, страницата што го промовира овој податок за неверството привлече големо внимание.

Зошто висината? Самодовербата како поттик?

Како што објаснува Мајк Тејлор, претставник на страницата, повисоките мажи често имаат поголема самодоверба, што ги прави попожелни во очите на другите, а со тоа и поизложени на искушенија. Самодовербата, велат психолозите, често се поврзува со проактивност во љубовниот живот – понекогаш премногу проактивна.

Но, тоа нè доведува до едно незгодно прашање: ако може – дали ќе сака? Висината може да донесе предност, но пониските мажи, кои често се соочуваат со предрасуди, можат да го развијат таканаречениот Наполеонов комплекс и да се обидат да се докажат – понекогаш преку не најпосакувани методи.

Швалерите не доаѓаат во една големина за сите

Да не се лажеме – не постои универзален профил на прељубник. Ниту пак постои апликација што ќе ви каже кој ќе ве повреди врз основа на вашата висина, музички вкус или боја на очи. Изневерувачите доаѓаат во сите облици, возрасти и однесувања, а најлошото е што нивните изговори често се уште побизарни од истражувањето – „Изневерив за да го спасам мојот брак“? Ве молам?!

Здравата врска не се мери во сантиметри

Иако можеби е забавно да се доведувате во прашање висината на вашиот партнер по вакви пораки, важно е да не западнете во параноја. Постојаните сомневања, шпионирањето на пораките и анализирањето на висината во контекст на верност можат само да го оштетат она што веќе го имате.

Вистинската формула? Доверба, комуникација и меѓусебно почитување. Ако партнерот изневерува, без разлика дали е висок 170 или 190 см – тоа е негова одлука, а не последица од бројот на санитметрите. И тогаш, наместо да броите сантиметри, подобро е сами да ги броите чекорите што сте подготвени да ги направите, пишува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот