Станковски и официјално нов фудбалер на Газиантеп

Лука Станковски кариерата ја продолжува во Турција/фото: Gaziantep Futbol Kulübü

Еден од најталентираните македонски фудбалери и досегашен член на Работнички, Лука Станковски, направи трансфер во турскиот прволигаш Газиантеп. Тој потпиша договор на четири и пол години со прволигаш.

– Внимателно го следиме Станковски извесен период. Тој е прикажан како еден од фудбалерите со најголем потенцијал познат во својата земја и во Европа. Среќни сме што ангажиравме еден толку важен млад талент во нашиот клуб. За овој трансфер нашите менаџери заминаа во Македонија да преговараат со семејството и со клубот. Мислам дека направивме многу важен трансфер кој ќе биде корисен за нас. Му посакуваме добродојде на Лука и му посакуваме успех – изјави Џевдет Акинал, претседателот на Газиантеп.

Станковски можеше уште минатото лето да ги напути „романтичарите“ бидејќи ги договори сите услови со италијанскиот второлигаш Монца, но трансферот во последен момент пропадна и остана во Работнички. И управата на Работнички е задоволна од условите кои ги понуди турскиот тим.

– Среќни сме што можеме да го потврдиме трансферот на нашиот досегашен фудбалер, талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп. Работнички продолжува да реализира големи трансфери на своите фудбалери и во овој тежок период на пандемија на коронавирусот низ целиот свет. Имаше неколку понуди за Лука Станковски, но раководството на Газијантеп беше најупорно, понуди одлични услови и за клубот и за самиот фудбалер, а заеднички донесовме одлука дека тоа е вистинскиот клуб за Лука да продолжи да напредува и да се развива. Му посакуваме многу среќа, да се наметне со своите игри и во Газијантеп и да го следи примерот на неговите поранешни соиграчи и членови на Работнички, Елиф Елмас и Милан Ристовски, кои сега се стандардни членови на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија. Со својот квалитет и Лука Станковски го заслужува токму тоа и веруваме дека многу брзо ќе го оствари –изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот