ССМ по повод 8 Март: Еднаквост и рамноправна положба во општеството, без стереотипи и предрасуди

Сојузот на синдикати на Македонија честитајќи го Меѓународниот ден на жената бара еднаквост без родова или која било друга дискриминација.

– Стереотипите и ретроградните традиционални сфаќања се уште се присутни и без оправдани причини жените се помалку посакувана работна сила на пазарот на труд, помалку жени се на раководни функции и во преставничките органи, тоа секако негативно се одразува на севкупниот развој на државата затоа што ние жените сме речиси половина од популацијата, на која овие дискриминаторски ставови се однесуваат. Одлучно се залагаме за еднаквост и рамноправна положба во општеството, без стереотипи и предрасуди само така ќе постигнеме побрз развој и достоинствени односи во државата со целосно почитување на човековите права, се вели во честитката од ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот