Српски експерти: Не купувајте суплементи на интернет!

суплементи
Фото: Пиксабеј

Истражувањата покажуваат дека секој трет српски купувач на суплементи преку интернет е измамен, бидејќи таквите производи често се создаваат во импровизирани лаборатории и не само што немаат активни материи, туку можат да бидат и штетни за здравјето, пишува Политика рс.

Со купување на нерегистрирани производи, без разлика дали се во нелегални продавници или онлајн, од физички лица или од нерегистрирани продавачи, корисниците ризикуваат да купат небезбедни, неконтролирани, па дури и додатоци во исхраната со недозволени супстанци, кои сериозно можат да го загрозат нивното здравје. Покрај здравствениот ризик, тука е и проблемот со нелојалната конкуренција, бидејќи на овој начин државниот буџет е оштетен за стотици милиони динари поради неплатени даноци.

Според податоците на Стопанската комора на Србија, во 2022 година во аптеките биле продадени додатоци во исхраната за 290 милиони евра. Тоа е раст од околу 11 проценти во однос на 2021. Во споредба со, на пример, 2018 година, тоа е скок од цели 95 проценти. Во 2022 година во аптеките се продадени 47,2 милиони пакувања додатоци во исхраната, што е зголемување за 44 отсто во однос на 2018 година.

Проф. Д-р Радан Стојановиќ, клинички фармаколог, за „Политика“ вели дека интернетот и социјалните мрежи не се место каде што може да се добијат валидни информации за лековите, дури ни за суплементите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот