Српската опозиција смета дека Вучиќ со изјавата за шпионите ја замајува јавноста

Србија Собрание
Собрание Србија/ Фото: EPA-EFE/Andrej Cukic

Дел од опозициските пратеници во Србија, изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека околу Нова година во Белград биле „рекорден број странски шпиони” ја оценија како замајуавње на јавноста.

Пратеникот на Демократската партија Срѓан Мливојевиќ за Данас изјави дека „апсолутно верува” дека креаторот на извештајот за шпиони е директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин.

„Очигледно е дека именувањето на Александар Вулин за директор на БИА ги дава првите големи резултати, бидејќи Вучиќ изгледа има најголем број шпиони во Србија, веројатно од доаѓањето на Јужните Словени на Балканот до денес”, вели Миливојевиќ, пренесе Бета.

Пратеникот од „Заедно-Морамо” Ѓорѓе Микетиќ рече дека „режимот претрпел пораз” поради повлекувањето на Предлог-законот за внатрешни работи и оцени дека Вучиќ подготвува нов трет обид” да се донесе законот.

„И тој очајно си поигра на глупавиот страв од тајните агенции”, вели Микетиќ.

Пратеникот на Народната партија Стефан Јовановиќ оцени дека приказната за шпионите е „класично замајување на јавноста” поради неуспехот на политиката, заштитата на народот на Косово и катастрофалната економска политика.

Вучиќ вчера изјави дека разузнавачките информации што ги добил потврдуваат дека „Белград бил како Казабланка на новогодишната ноќ” и дека „нема шпиони кои не ни ги окупирале нашите хотели”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот