Српската опозиција реагира: Вучиќ нѐ донесе до бездна и сега ни ветува „скок“

Александар Вучиќ го претстави планот Србија 2027 - Фотографија ЕПА, Андреј Чукиќ

Српската опозиција жестоко реагира на планот „Србија 2027 – скок во иднината“ што денеска го претстави претседателот Александар Вучиќ.

– Нѐ донесе до работ на бездната и сега ни ветува скок. Со обраќањето Вучиќ образложи дека ги украл изборите за благосостојба на сите граѓани. Кражбата на изборите е инвестиција во подобра иднина – реагираше лидерот на ДС, Зоран Лутовац на социјалните мрежи.

Душан Никезиќ, потпретседател на Партијата на слободата и правдата, реагираше дека Вучиќ „повеќе од два часа најавувал нови задолжувања од 17,8 милијарди евра“, што е „за 2,5 милијарди повеќе отоколку што Србија ја задолжиле сите негови претходници, од Караѓорѓевиќ и Обреновиќ, преку Тито, до Воислав Коштуница и Зоран Тадиќ“.

– За 11 години на власт веќе ја задолжија земјата за 21 милијарда евра и не заштедиле ниту заработиле ни динар, па секој најавен проект буквално ќе се финансира од нови задолжувања. Така во изминатите четири месеци се задолживме за 110 милијарди динари со издвојување на обврзниците „ЕКСПО“ со камата од 7 отсто, а предвидено е за Националниот стадион да се здолжиме 550 милиони евра, за ЕКСПО 2027 уште 450 милиони, за клиничките центри уште 210 милиони – изјави Никезиќ.

Тој додаде дека српските власти во Кина неодамна договориле задолжување од 4 милијарди евра за брзиот пат Сомбор – Кикинда и за автопатот Белград – Зрењанин – Нови Сад.

– До 2027 година ќе имаме „скок“, но не развоен, туку скок на јавниот долг на преку 60 милијарди евра, со што оваа неодговорна власт ќе ја донесе земјата до банкрот и должничко ропство – предупреди Никезиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот