Среќна вест: Во Франција од ковид се опорави 116-годишна калуѓерка

Фото: Анадолу Агенција

Калуѓерка во Франција на возраст од 116 години се опорави од коронавирусот и покрај нејзината старост и проблемите со здравјето.

Според францускиот дневен весник Вар-Матин, сестра Андре, родена како Лусил Рандон, го победи вирусот неколку недели пред нејзиниот 117 роденден кој ќе го прослави на 11. февруари.

Таа се смета за најстара личност во Европа и вели дека не била свесна дека има ковид-19.

Останала во карантин во својата соба во монашкото сестринство во манастирот Света Катерина во Тулон откако е тестирана позитивна на 16. јануари годинава.

Извор: Анадолу Агенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот