Среќа во несреќа: Нема повредени патници на ЈСП во сообраќајката кај Шумарски факултет

Нема повредени патници, а причинета е материјална штета во сообраќајната незгода која се случи попладне на автобуската постојка кај Шумарски факултет, помеѓу автобус на ЈСП Скопје и две патнички возила, соопштија вечерва од ЈСП Скопје.

Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, стои во соопштението, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата, соопштија од ЈСП. 

Според досегашните информации, повредени се тројца патници од автомобилите. 

ЈСП Скопје наведува дека МВР работи на целосно расветлување на случајот и апелира на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети.

-Според извештајот на ЈСП Скопје за работењето во период јануари-јуни 2019 год, возилата на ЈСП Скопје учествувале во 73 сообраќајни незгоди, при што 50 биле по вина на патнички моторни возила, наведуваат од ЈСП Скопје во соопштеието.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот