Средношколците на протест пред Влада (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Средношколците пред малку се собраа пред Влада. Со транспаренти и опремени со маски против загадувањето, тие се упатија кон Собранието на Македонија.

Фото: Слободен печат

На првиот марш, што се одржа пред неполн месец, излегоа неколку илјади граѓани, а за денеска, организаторите повикаа да им се приклучат што повеќе засегнати граѓани.

Групата средношколци се упатија пред Собрание. Како што посочија, спонтано од училиште се упатиле кон Влада, и не знаат дали ќе се приклучат на маршот во 17 часот.

 

Маршот е во организација на Зелен фронт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот