Мицкоски и Јанкулоска на средба во ВМРО-ДПМНЕ фото: Фејсбук на Мицкоски

Средба „силна“ колку Горде

Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница, објавувајќи фотографија од него и ексминистерката Гордана Јанкулоска, која моментно е на одлежување на затворска казна во Идризово, на која двајцата се насмеани.

Поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на двегодишна затворска казна во предметот „Тенк“. Нејзиниот адвокат Влатко Илиевски ни изјави дека Јанкулоска го користи вториот дел од годишниот одмор и дека средбата со Мицкоски се одржала во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот