Средба Маричиќ-Гир: ЕУ со поддршка за реформите во правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска имаа средба на која разговараа за законодавната агенда на Министерството за правда со акцент на разговорите за измените на Изборниот законик, соопшти Министерството за правда.
Министерот Маричиќ истакнал дека е задоволен од конструктивноста на разговорите за измена на Изборниот законик и посочил дека е постигната начелна согласност за исполнување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
За време на состанокот, Маричиќ добил поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оценил дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра.
Министерот Маричиќ истакнал дека во Министерството за правда ќе продолжи со силно темпо на реализација на законодавната агенда, без разлика на актуелните случувања на нашиот евроинтеграциски пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот