
Сребро со златен сјај за Георгиевски на олимпискиот турнир во таеквондо
Денеска во големото финале на таеквондо турнирот на Олимписките игри во Токио во категоријата над 80 кг. Дејан Георгиевски загуби од Русинот Владислав Ларин, претставникот на Рускиот олимписки комитет, со резултат 15:9.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пред завршната битка во категоријата над 80 кг. македонскиот таеквондист забележа три победи против светскиот шампион Рафаел Алба (11:8), па славеше над Сејду Гбане (Брегот на Слоновата коска) со 9:4, а во полуфиналето и од претставникот на Јужна Кореја, Ин Кјо-дон со 12:6.
Во првата рунда Ларин кој навистина се покажа како многу цврст противник со два 2:0 со еден казнен поен за нашиот натперварувач.
Во втората рунда израмни Георгиевски на 2:2, по веднаш врза пет поени неговиот противник. Повторно возврати Македонецот за намалување на 7:5, а потоа и на 9:7 за неизвесни последни две минути од финалната борба.

Имаше по еден казнен поен за двајцата во третата рунда за 10:8, а на нешто повеќе од 40 секунди следуваше удар во главата на Георгиевски за 13:8, а потоа уште два поени за 15:9, по што веќе беа решени сите дилеми околу победникот.
Лерин го освои златото, а Георгиевски среброто, но за нас со „златен сјај“. Македонија треба да биде горда Тоа е втор медал за нашата земја во историјата на Летните олимписки игри, првиот медал го освои борачот Могамед Ибрагимов на ЛОИ 2000 година во Сиднеј, Австралија.

Во истата категорија над 80 кг. со бронзени медали се закитија Кореецот Дон Кјо Ин кој славеше со 5:4 над Словенецот Иван Конрад Трајковиќ, како и Кубанецот Рафаел Алба кој со истиот резултат беше подобар од Кинезот Хонгји Сун.
Во женска конкуренција во категоријата над 67 кг. Србија освои злато (вкупно трет медал за оваа земја на Игрите) со победата на Милица Мандиќ со 9:6 против Дабин Ли од Кореја.