Србија го презеде претседавањето со ЦЕФТА договорот

Фото: mia.mk

Србија го презема едногодишното претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Приоритетите на претседавањето на Србија со ЦЕФТА договорот во текот на 2024 година ќе бидат, меѓу другото, консолидација и зајакнување на имплементацијата на договорот, олеснување на трговијата со стоки и услуги меѓу ЦЕФТА страните, како и дигитализација, објави Н1.

Некои од мерките на кои ќе се фокусираат вклучуваат пилотирање на заеднички царински акции, размена на податоци, работа во насока на взаемно признавање на програмата на овластени деловни субјекти на ЦЕФТА страните, електронска трговија, олеснување на трговијата со овошје и зеленчук. Дополнително, приоритетите вклучуваат намалување на трговските трошоци и времето на чекање на границата, работа на признавање на професионалните квалификации, како и завршување на работата на текстот на новиот дополнителен протокол на ЦЕФТА за решавање спорови. За Србија учеството во договорот ЦЕФТА, кој се заснова на стандардите и принципите на Европската унија, значи подобар пристап до пазарот за пласман на производи и услуги, намалување на трговските бариери и полесен бизнис на регионално ниво. Пазарот ЦЕФТА е втор партнер за економијата на Србија по обем на трговија, односно извоз и увоз на стоки, веднаш по ЕУ.

За 11 месеци од 2023 година Србија имала повеќе од 5,5 милијарди евра трговска размена со земјите од ЦЕФТА. Во таа размена Србија имаше трговски суфицит од над 2,5 милијарди евра, што главно беше резултат на извозот на струја, жито и нивните производи, нафта и нафтени деривати, пијалаци и патни возила, а покриеноста на увозот со извоз беше 260, 6 проценти. ЦЕФТА е трговски договор меѓу Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора и Привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот