
Спиењето на Вимблдон дефинитивно не е најголемиот гаф на Хју Грант
Видеото од Хју Гранд како спие за време на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флави Коболи стана вирално. Глумецот важи за голем обожавател на Вимблдон, но овој пат за време на првиот сет од четвртфиналниот натпревар тој заспа, што предизвика реакции и исмејување.
Препорачано
Можеби многумина заборавиле, но ова дефинитивно не е најголемиот скандал на холивудски заводник. Уште во 1995 година, тој предизвика вистински хаос кога беше снимен со проститутка на паркингот додека таа му пружаше орално задоволство.
Скандалот можеби немаше да биде од такви размери, доколку Хју веќе не беше во врска со колешката Елизабет Харли осум години.
Нивната врска се сметаше за една од најуникатните врски во Холивуд.
Сепак, по осум години врска, актерот беше фатен со проститутка на Сансет Стрип во Лос Анџелес, беше уапсен од полицијата, а неговите фотографии беа објавени од таблоидите ширум светот.
„Мислам дека во животот знаете што е добро, а што лошо. Па, направив лошо нешто и тоа е тоа“, рече тој кратко по скандалот со проститутката во шоуто на Џеј Лено.
Сепак, ова не му ја уништи врската со Елизабет и тие останаа заедно уште пет години. Не е изненадувачки што во следните пет години кружеа гласини дека Хју сè уште ја изневерува Елизабет, но двојката нагласи дека сè средиле и дека тоа не е причината за нивното раскинување во 2000 година.
Иако решија да ја прекинат врската, останаа во одлични односи. Дури и денес, тврдат дека се слушаат секој ден и дека се најдобри пријатели.
„Таа ми е најдобра пријателка, таа е првата личност на која ѝ се јавувам кога ми е тешко“, рече Хју пет години по раскинувањето.
Хју Грант му е кум на синот на Елизабет, Дамијан, кој таа го има со Стив Бинг. Харли им е кума на ќерките на Хју.
Денес, актерот е среќно оженет со продуцентката Ана Елизабет Еберштајн, кој а е 20 години помлада од него.