СпејсЕкс: Успешен старт на товарната ракета „Фалкон 9“ (ВИДЕО)

Фото: EPA/JIM GROSSMANN

Компанијата СпејсЕкс синоќа соопшти за успешен старт на товарната ракета „Фалкон 9″ од ‘Ртот Канаверал, во близина на вселенскиот центар „Кенеди”, Флорида.

Се прецизира дека ракетата изнесе на орбитата аргентински сателит „САОКОМ” за сондирање на Земјата.

-Стартот на товарната ракета се случи во 19:18 часот по источноамерикаско време на САД од космодромот на ‘Ртот Канаверал. Лансирањето користи повеќекратен прв степен на Фалкон 9, соопштија од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот