Спасовски: Во текот на изминатата недела приведени се над 60 лица по разни основи

Во текот на изминатата недела приведени се над 60 лица по разни основи, криумчарење мигранти, кражби, тешки кражби, недозволена трговија со дрога, физички пресметки, нелегално поседување оружје, грабнување, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот преку социјалната мрежа Фејсбук информира дека во текот на изминатата недела преземени биле засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните.

„По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 4828 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци. Остварени се 14 превентивни активности на теми превенција од илегална миграција и транспорт на мигранти со моторни возила, сајбер булинг (онлајн насилство), врсничко насилство и безбедност во училиштата, превенција од трговија и користење дрога, безбедно патување во зима“, напиша Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот