Спасовски: Лидерството, истрајноста и визијата на Глигоров беа клучни во формирањето на нашата демократија

Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Со длабока почит се сеќаваме на великанот Глигоров кој ја предводеше нашата земја во време на големи предизвици и промени, и кој со својата несебична служба кон нацијата и заложба за Македонија како безбедна, напредна и европска држава во семејството на европските демократии, ја претставува енциклопедијата на македонската државност, напиша утрово на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 12-годишнината од смртта на првиот претседател на современата македонска држава, Киро Глигоров.

Неговото лидерство, истрајност и визија, како што посочува Спасовски, беа клучни во формирањето на нашата демократија.

-Државник кој со мудрост и умереност ги водеше преговорите за независноста на државата, демонстрирајќи дипломатска вештина и останувајќи цврст во барањето за мирен и достоинствен преод кон суверенитет. Тој останува симбол на стремежот кон европска иднина и единство на македонскиот народ, истакнува Спасовски.

На овој ден, како што вели Спасовски, се потсетуваме на таа непоколеблива посветеност кон нашата земја, за неговиот придонес кон изградбата на нашите институции и за вербата во принципите на демократијата и правната држава.

-Неговото наследство инспирира и служи како компас во нашите современи напори за напредок и развој. Нека ликот и делото на Киро Глигоров останат во вечно сеќавање на македонскиот народ! Слава му! , напиша министерот Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот